Примери за цврста: Шеќер, кафе, сол, мраз, клупа, креда, камен; примери за течна: вода, сок, млеко, алкохол, бензин; примери за гасовита: водена пареа, чад, кислород, хелиум, плин.
Јас многу научив оваа учебна година по предметот природни науки.
Еве ќе започнам со трите агрегатни состојби: цврста, течна и гасовита.
Од гасовита во течна - кондензација, од течна во цврста - стврднување, обратно од цврста во течна - топење и од цврста во гасовита - сублимација.
Еве ги промените во агрегатните состојби: од течна во гасовита - испарување.
Воздухот ја носи пареата во атмосферата, каде што пониските температури, предизвикуваат кондензација. Така се создаваат врнежи во вид на дожд, снег. Значи водата повторно се вража на Земјата и така овој процес се повторува.
Овие промени на агрегатната состојба на водата се случуваат во природата. Сонцето ја затоплува водата во океаните, а таа испарува во форма на пареа во воздухот.
Е како е можно тоа?
Само чистата вода врие на 100 степени Ц, солената вода врие на повисока температура од 100 степени Ц.
Распоредот на честичките во трите агрегатни состојби е различен. Кај цврстите се споени едно до друго, кај течностите, не се цврсто поврзани, а кај гасовите тие слободно се движат.
Еве како испарив.
Пример, при загревање на водата на 100 степени Ц, таа врие при што од течна преминува во водена пареа, односно гасовита агрегатна состојба. Водената пареа наоѓа примена за готвење, за добивање електрича енергија, за стерилизација и др.
Супстанциите кои се раствораат во вода се викаат растворливи супстанции. А смесата е раствор.
Има засите, незаситени и презаситени раствори.
Со филтрација пак ќе се одделат цврстите нерастворливи материи од смесата. За оваа пстопка протребно е да имаме чаша, инка и филтерна хартија.
Ваквото кружење на водата во природата се вика воден циклус. Водениот циклус има големо значење за природата. Тој овозможува постојаност на водата на планетата Земја и опстанок на живиот свет.
Секоја материја има своја точка на топење и вриење. На температури кои се наоѓаат меѓу точка на топење и точка на вриење материјата е течна. На температури, над температурата на вриење, материјата е гасовита, а под температура на топење - во цврста агрегатна состојба.
Растворливите материи од растворот може да се одделата со испарување. Ако растворот е презасите, има процес на кристализација.
Со сито ќе ги одделиме цврстите материи од смеса кога честичките имаат разлина големина, а со магнет доколку една од материите во смесата има магнетни својства.